Полни торби оружје и дрога оставени на границата меѓу Македонија и Грција

 

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот во меѓупросторот помеѓу Македонија и Грција, во близина на задниот дел на напуштениот Фри-шоп, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ пронашле патна торба во која имало една автоматска пушка М70 АБ 2 и две празни рамки за муниција. По извршеното пребарување на непосредната околина, во 15 часот и 30 минути на околу 30 метри оддалеченост, пронашле уште три торби во кои имало осум пакувања (секое со тежина од околу 400- 500 грама) непозната тревкаста материја, најверојатно марихуана.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица и Крим-техника, а пронајдените предмети се подигнати за понатамошна постапка.

 
 
28.09.2016 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега