Хаџиски бара ново судење: "Грешник сум и не треба да живеам"

 

Миле Хаџиски, скопјанецот кој е осуден на 20 години затвор за убиството на Мери Јошеска, вчера се обрати пред Судот. Како што пишува Дневник, казната во декември лани е идентична со таа што судот му ја изрекол во 90-те. Прво доби 15 години затвор, па 20 во отсуство.

Хаџиски на свиреп начин ја убил Мери Јошеска со која бил во врска, на 18 јуни 1993 година. 

- Знам дека сум грешник и не треба да живеам. Грешката беше што ме натераа да си заминам од Франција. Не останав да докажам дека сум невин, рече тој пред судот.

Бранителите и понатаму на ставот дека има пропусти во пресудата на првостепениот суд. Според нив нејасно е зошто не е извршена токсиколошка анализа, и анализа на крвта.

И мајката на Хаџиски достави жалба до Судот.

 

 

 
 
30.09.2016 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега