Тешка сообраќајка во Куманово - две лица тешко повредени

 

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 11.50 часот во Куманово. Во несреќата учествувале две патнички возила едното „Фолксваген Голф“ управувано од 25-годишниот А.Б од Тетово и возило „Даеву Матиз“ управувано од 20-годишниот И.Т од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил соптаникот во возилото Даеву Матиз“ 39- годишниот И.Ј од Куманово, кој по по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар -Куманово бил препратен во КЦ-Скопје, а додека возачот И.Ј. и сопатниците 64-годишниот Л.Т. од Крива Паланка и 62-годишниот Н.Б. од Куманово, се здобиле со  телесни повреди и се задржани во медицинскиот центар -Куманово.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

 
 
30.09.2016 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега