Крвав инцидент во паркот „Жена борец“ во Скопје
Четиринаесетгодишник од Скопје се јавил во полициска станица и пријавил дека во 20 часот и 25 минути во Скопје, во паркот Жена борец, две непознати лица извршиле разбојништво врз него. Едниот од насилниците со закана и употреба на нож го расекол во пределот на раката и му го одзел мобилниот телефон, по што побегнале во непознат правец. Повредата му била санирана на местото на настанот од екипа на Итна медицинска помош.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
03.10.2016 - 13:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа