Пукање во Тетово - го донеле во болница со шест сачми
Вистинска драма се одвивала околу 08 часот помеѓу селата Горно Седларце и Камењане. Додека 51-годишниот А.Х. од селото Горно Седларце ги шетал своите кучиња, слушнал пукање од ловечка пушка, а потоа почувствувал болка и крварење во пределот на градите и стомакот. Истиот успеал да дојде до патот каде со автомобил поминал 37-годишниот Д.М. од истото село, кој го однел во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош. Констатирани му биле повреди од шест сачми во пределот на градниот кош и абдоменот и бил задржан е на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа