Дете падна од трети кат - се бори за живот на скопските Клиники
Во 10 часот и 50 минути во СВР-Куманово, лекар од Општа болница Куманово пријавил дека на 01 месецов околу 18 часот било донесено дванаесетгодишно девојче од Куманово, кое паднало од прозорец од трети кат од станот каде живее. По укажаната помош девојчето веднаш било пренесено на Детска хирургија во Ургентен центар Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди (набиен граден кош и фрактура на десна нога).
Истата се наоѓа вон животна опасност. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
03.10.2016 - 13:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа