Прегазен пешак во скопско
Во 23 часот во селото Марино, скопско, на крстосницата од улиците „500“ и улицата „534“, се случила сообраќајна незгода во која возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годипниот А.М. од селото Стајковци, скопско, удрило во пешакот М.Д. (25) од селото Марино.
Со возило на Итна медицинска помош А.М. бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Над возилото ќе се врши технички преглед.
03.10.2016 - 13:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа