Страшна сообраќајка во Македонија: Младо момче тешко повредено

 

Две лица биле повредени, од кои едното потешко, при сообраќајната несреќа која синоќа околу 19 часот се случила на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, информираат денеска од МВР. Во незгодата во месноста викана „Антена”, учествувале патнички автомобил и трактор со приколка, а двете возила биле со ист правец на движење.

- Што се однесува до автомобилот, станува збор за “форд ескорт” со кавадаречки ознаки, сопственост и управуван од 52-годишниот С.А. од Кавадарци. Возачот бил телесно повреден. Тракторот бил со приколка,  марка ИМТ 533, без регистарски таблички, управуван од 20-годишниот Љ.К, од Кавадарци. Трактористот се здобил со тешки телесни повреди, соопштуваат од МВР.

Увид на лице место извршиле полициски службеници по овластување од обвинителството од Кавадарци.  

 
 
04.10.2016 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега