Крвав инцидент: Момче од Арачиново преживеа хорор
Во 19 часот и 50 минути во Скопје, на улицата „Босна и Херцеговина“ бб, поточно на паркинг просторот пред железничка станица Скопје-Север, 20-годишниот С.Д. од селото Арачиново преживеал хорор додека бил во своето возило „Голф 3 “.
Според податоците од македонската полциија, на младото момче му се доближиле четири лица и без повод и причина две од нив физички го нападнале удирајќи го со тупаници, а останатите две го искршиле стаклото од совозачката врата. Потоа од седиштето одзеле мобилен телефон марка „Ајфон 6С“ и веднаш побегнале од местотона крвавиот настан.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа