Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори

 

Ако не можеш да ги победиш придружии им се. Откако станува се појасно дека независните кандидати нема да имаат можност да се кандидираат на претстојните локални избори граѓанските иницијативи почнуваат да се претопуваат во партии. 

-Белото знаменце ќе беше ако се откажевме од одење на локални избори. Ова беше последен чекор којшто моравме да го преземеме бидејќи големите партии во Собранието заеднички решија да забранат независните кандидати да се појават на овие локални избори, вели Горјан од Зелен Хуман Град.

„Зелен Хуман Град“ станува партија. Според Јовановски, ова е само техничко средство за независните да можат да се појават на претстојните избори. 

Собранискиот спикер пред два дена кажа дека ова прашање ќе мора да се реши. Но дали тоа навистина ќе се случи до распишувањето на изборите кое се очекува да се случи на 8 август се уште е мистерија. Најголемата политичка партија во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ официјално одбива да коментира, но од нивната пратеничка група брифираат дека барањето за финансирање на независните листи од буџетски пари е неприфатливо. СДСМ се малку порасположени. Оттаму велат дека прво мора да ги разгледаат точно барањата, но се отворени да ги поддржат барањата на независните. 

Претставници на независните беа кај претседателката на државата, се сретнале и со дел од пратеничките групи во Собранието, но велат дека таму никој не е расположен за да ги вклучи независните на претстојните избори.

-Имавме дополнителни средби со членови на Собранието.  Но едноставно, тоа што го слушнавме таму е дека нема одреден консензус, нема волја да се донесат измените и дека големи се шансите вака да останат работите. Што за жал покажува дека Собрание, поточно големите партии гледаат кон независните како вистинска закана. Успехот кој го постигнавме на минатите избори кадешто над 50 илјади гласови имавме собрано заедно низ цела Македонија, 10.000 скоро Зелен хуман Град во Скопје покажува дека независните се голема сила и они се обидуваат на овие избори комплетно да не истиснат надвор, вели Јовановски. 

Уставниот суд го укина прагот од 1% за независна кандидатура со што се направи правна празнина во Изборнот законик. Со изборен праг од 1% значи дека за кандидатура за советник во Град Скопје едно лице ќе треба да собере 3.500 потписи. Но за формирање на нова партија, потребни се само 1.000 гласови.

23.07.2025 - 21:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега