Гостивар: Малолетник си го расекол лицето со моторна пила
Во 18 часот и 15 минути во селото Равен – Гостивар, во дворот од куќата на С. К. 16 годишно момче од Дебар кое било дојдено на гости, пронашло 2-3 помали парчиња дрво кои се обидело да ги пресече со моторна пила. Истата отскокнала и го повредила во пределот на лицето и тоа се здобило со сериозни расекотини.
Момчето било пренесено во Медицинскиот Центар во Гостивар од каде како итен случај било препратено во Ургентниот во Скопје, на клиниката за пластична хирургија.
Увид на лице место извршила екипа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
04.10.2016 - 14:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа