Штип: Малолетничка целата крвава преживеала хорор на улица

Вистински хорор за малолетничка се одвивал синоќа во Штип, во 19 часот и 15 минути, на улицата „Стојан Рибата“. Според податоците од полицијата, пред пекара, непознат сторител извршил разбојништво над 16 годишно малолетно женско лице од Штип, така што насилно и го одзел мобилниот телефон марка „Алкател Оне Тач Поп“ кој и бил во раката и ја удрил со рака во пределот на главата.

Девојчето почнало да крвари од носот, по што насилникот побегнал од местото на настанот.

Полицијата превзема мерки.

 
 
08.10.2016 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега