ВИДЕО: Нов скандал во македонскиот медиумски етер

Во текот на вчерашниот ден гледачите беа сведоци на скандалозна емисија на авторот и водител Миленко Неделковски.

Емисијата Миленко Неделковски Шоу која траеше 20 минути помина во целосен молк, освен поздравниот и одјавниот дел на почетокот и крајот кога водителот ги поздрави своите гледачи.

-Направив емисија која кореспондира со моменталната ситуација во која се наоѓа новинарот, новинарството, медиумите и слободата на говор во Република Македонија, кусо искоментира Неделковски на прашањето на Курир зошто се одлучил за таква емисија и која порака ја испраќа.

Оваа емисија беше своевидна критика на цензурата и хајката против медиумите, за начинот на уредување, слободата на говор и дури ако сакате аголот од кој се снима.

 
 
08.10.2016 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега