Страшно: Детенце излета од автомобил во движење во Скопје

Во 19 часот и 30 минути во Скопје на улицата „2-ра Македонска Бригада“ се случила сообраќајна незгода во која 35-годишниот Р.С. од Скопје, додека го управувал своето возило „Рено Трафик“ со скопски регистарски ознаки, од задната десна страна од возилото испаднало петгодишно детенце кое било соптник.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и е задржано на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 
 
09.10.2016 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега