Ограбена џамија во Тетово

Во 18 часот и 40 минути во полицијата во Тетово било пријавено дека била ограбена џамија. 43-годишниот Х.Р. инаку оџа во џамијата лоцирана на улицата „Мирче Ацев“, пријавил дека претходниот ден непознат сторител извршил кражба во џамијата. Сторителот влегол во џамијата, ја оштетил металната каса за прибирање на донации и ги одзел парите. Увид не е извршен поради изменето место на настан, по што материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
09.10.2016 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега