Седум лица повредени кај патот Велес - Скопје

На автопатот Велес-Скопје, на околу 400 метри пред наплатната рампа „Отовица“, вчера во 09.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу пет патнички моторни возила при што се повредени седум лица.

МВР денеска соопшти дека се судриле патничко моторно возило „Мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (63) од Прилеп, патничко моторно возило „Опел Фронтера“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.Н. (52) од Кавадарци, патничко моторно возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Т. (22) од Кавадарци, патничко моторно возило  „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Н. (37) од Прилеп и патничко моторно возило „Волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (53) од Кавадарци.

По незгодата, со возила на Итна медицинска помош, во Општа болница Велес биле пренесени седум учесници во сообраќајната незгода од кои тешки телесни повреди се констатирани кај возачот Р.Р., додека на останатите им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС за БПС Велес

 
 
11.10.2016 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега