Хорор празничен ден за жена од Штип

Во 19 часот и 15 минути во Штип на улицата „Сутјеска“ непознат сторител извршил разбојништво над 61-годишната Л.Г.

Откако насилникот ја удрил жената со рака во пределот на левото рамо, се обидел да и ја одземе чантата, но кога не успеал ја фатил за вратот и насилно и го одзел златниот ланец, по што побегнал од местото на настанот.

СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
12.10.2016 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега