Мртов маж пронајден во реката Пчиња

Седумдесет и шест годишниот Б.С. од Скопје е пронајден мртов вчера околу 13 часот во реката Пчиња, во атарот на селото Пчиња, кумановско.

Имено, додека Б.С. го напасувал добитокот, во еден момент, преминувајќи ја реката Пчиња, починал и паднал во водата. Од страна на лекар констатирана е природна смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

 

 

 
 
13.10.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега