Тетово: Го расекле со нож па му кршеле бекатонски плочки од главата

Кривична пријава си заработија 29-годишниот Ф.Џ.  25-годишниот М.М. и 22-годишниот М.А сите од Тетово поради насилство.

Според податоците од полицијата, среде бел ден околу 15 часот и 30 минути на улицата „Благоја Тоска“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу пријавените од една страна и 31-годишниот  Г.К. од Скопје од друга страна.

Настанот го забележал 37-годишниот А.И. од Тетово, кој се обидел да ги раздели, при што од страна на М.М. со нож му биле нанесени две расекотини во пределот на телото, а М.А. со бетонска плочка го удрил во пределот на десната рака. По ова А.И. се упатил во Клиничка болница Тетово каде поради сериозноста на повредата бил задржан на лекување.

 
 
13.10.2016 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега