Специјализирани сертификати за 300 државни службеници

 

Сто и осумдесет државни службеници денеска се стекнаа со сертификати за успешно завршена специјализирана обука во рамки на проектот „Одржлив систем за ЕУ обуки“, финансиран од Кралството Норвешка. Во рамки на проектот се обулуваа 300 македонски државни службеници. 

На свеченоста на доделување на сертификатите, која се одржа во рамки на завршниот настан од проектот, денеска присуствуваа заменик претседателот на Владата за европски прашања Арбр Адеми и амбасадорот на Норвешка Арне Бјорнстад.

Вицепремиерот Адеми истакна денеска се одбележува една цел од страна на македонската и норвешката Влада, а тоа е членството на Македонија во ЕУ. Најави дека следната година ќе се работи на интензивирање на ЕУ процесот за Република Македонија.

- Во Норвешка гледаме посветен и долгорочен партнер и соработката не завршува денес, напротив таа ќе продолжи, верувам поинтензивно во наредниот период, со конкретни проекти поврзани со итните реформски приоритети и целокупниот процес на евроинтеграција, рече вицепремиерот. Еден од нив, кажа тој, би бил и креирање на платформа за следење, соработка и поддршка што ќе ги обедини клучните институции опфатени со итните реформски приоритети под водство на Секретаријатот за европски прашања. 

Проектот обезбеди специјализирани обуки за повеќе од 300 државни службеници од над 30 институции, кои се членови на работните групи за спроведување на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Обуките реализирани во два модули (Скопје и Брисел), со реномирани предавачи од универзитети од ЕУ и Норвешка, како и поранешни и сегашни функционери во европските институции. 

Соработката на СЕП и МНР на Кралството Норвешка продолжува во областите енергетика, интегрирано образование, безбедност и заштита при работа и други.

 
 
14.10.2016 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега