Мисајловски: Од 2006 до сега преку 1.360 километри патна мрежа е реконструирана

Се гради насекаде во Р. Македонија. Од Скопје кон Куманово веќе се рехабилитира постојниот пат, при крај е проектот за целосна рехабилитација од Куманово кон  Ранковце, распишан е тендерот за нов експресен пат од Ранковце кон Крива Паланка инвестиција од преку 90 милиони евра, а набрзо ќе биде завршен патот од Крива Паланка кон бугарската граница, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ набројувајќи ги патиштата на кои се работи.

– Од Крива Паланка до Македонска Каменица ќе пробиеме нова траса следната година. Од Скопје кон Велес веќе го завршивме патот, целосно се реконструираше. Сега сме во постапна на рехабилитација на Коридорот 10 од Неготино кон Демир Капија инвестиција од околу 6 милиони евра. Се гради нов автопат од Демир Капија кон Смоквица  и од Гевгелија кон Смоквица, правиме една нова рехабилитација. Од Скопје кон Штип се гради нов автопат кој е 50% завршен . Се работи на патот од Велес кон Кадрифакво, рече Мисајловски.

Тој посочи дека за неколку месеци ќе биде потпишан договор за експресен пат од Штип кон Кочани, а веќе се реконстрира и патот од Кочани кон Делчево.

-Се работи на нов автопат од Кичево кон Охрид, инвестиција од преку 400 милини евра, на оваа траса има преку 1200 работници и околу 500 машини има постојано. Сето тоа дава импулс дека преку 3000 градежи работници работат на овие патишта. Многу гранки се вклучени како подизведувачи  во сите инфраструктурни проекти кои што ги работиме. Ако сега имаме околу 3000 градежни работници  на регионалните патишта и автопатите со новите експресни патишта што ќе ги градиме ние таа бројка ќе ја зголемиме дупло. Од 2006 до сега преку 1360 километри патна мрежа е реконструирана, со сите тие тендерски постапки и договори ние ќе ја обновиме патната мрежа за дупло повеќе .До сега имаме 404 локални патишта завршени, а преку 740 патна мрежа локални патишта, рече Мисајловски.

 
 
14.10.2016 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега