Брак од 80 милијарди долари: Американскиот гигант АТ&Т го купи Тајм Ворнер

 

Американскиот телекомуникациски гигант AT&T постигна договор за купување на медиумскиот конгломерат Тајм Ворнер, сопственик на каналите Си Ен Ен и ХБО и филмското студио Ворнер Брос, наведе банкарски извор.

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп вети дека ќе го спречи спојувањето ако стане претседател, наведувајќи го тоа како пример на „структура на моќ“ насочена против него и гласачите, пренесуваат агенциите.

Се работи за зделка вредна повеќе од 80 милијарди долари.

Спојувањето на фирмите официјално би требало да биде објавено најдоцна пред отварањето на американската берза во понеделник, јави агенцијата АФП, додавајќи дека тоа би можело да се случи и порано.

Пазарната вредност на Тајм Ворнер се проценува на 69,6 милијарди долари, а AT&T на 230,6 милијарди долари.

Аналитичарите сметаат дека оваа трансакција би можела да предизвика и други гилеми спојувања на медиумските компании.

Спојувањето на два медиумски гиганти, кои заедно вредат повеќе од 300 милијарди дилари, сигурно ќе се соочи со темелни проверки на антимонополското тело поради потенцијалното влијание на медиумската сцена.

Ројтерс пренесува дека Трамп во предизборниот говор во Гетисбург ветил дека ќе го спречи спојувањето на AT&T и Тајм Ворнер, оценувајќи дека со тоа се скреира „структура на моќ“ која е опасна за демократијата.

 

 

 
 
23.10.2016 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега