Обид за силување во Кичево

62-годишниот Х.М. од Албанија влегол во продавница во Кичево и побарал да купи јакна. Во момент кога бил услужен од вработената, истиот и се доближил и почнал да врши полови дејствија, допирајќи ја по телото. Истата успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија на објектот, од каде земала нож со намера да се одбрани. Во тој момент од другата просторија излегла другата вработена, по што пријавениот  излегол од продавницата и заминал во непознат правец.  Набргу потоа истиот бил пронајден.

Од страна на Основен Суд Кичево на Х.М. му е одредена казна затвор во траење од три месеци и истиот е спроведен во затворот Идризово во Скопје.

 
 
26.10.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега