Докторите ја поздравија најавата на Груевски за нови 3.700 медицински апарати

Набавката на нови 3.700 медицински апарати вредни 33 милиони евра, која што според партиската програма, ја најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски ќе значи поквалитетни здравствените услуги за граѓаните, побрза дијагностика и поефикасен третман, велат докторите.

На клиниката за неврохирургија, според најавата на Груевски, ќе се набави мобилен моторизиран детектор, апарат за невронавигација, современ оперативен стол и друга опрема во вредност од 647 илјади евра.

Директорот на Клиниката вели со новата опрема за голем број лекувања пациентите повеќе нема да мора да заминуваат во странство.

-Со досегашната значително се подобри квалитетот на здравствените услуги на клиниката илјадници пациенти се лекувале со опремата којашто досега е набавена, а оваа која сега ќе се набавува уште повеќе ќе го зголеми квалитетот што им го пружаме на нашите пациенти, со воведување на нови методи за кои што пациентите порано морале да се лекуваат во странство, а сега ќе им бидат достапно на нашата Клиника, вели Чапаровски.

Со новата апаратура велат докторите не само што ќе се фати чекор со современите здравствени установи во светот , туку значително ќе придонесат и за спасување на човечки животи.

-Подигање на нивото на здравствените услуги тоа значи спасување на многу човечки животи, брза дијагностика, брз третман било оперативен било конзервативен. Македонија е земја која е членка на една престижна организација СЗО и не смее да си дозволи да биде надвор од неа… Во наредниот период од четирите години пациентите ќе добијат побогата и пософистицирана опрема со која што ние лекарите ќе може да ги лекуваме.

-Оваа набавка ќе ги надополни сегментите кои што ни недостасуваа на Клиниката во однос на опремата и едукацијата која што е во тек, така што со новата опрема ќе можеме да се справиме во сите сегменти со она што ни е основна задача, рече доктор Софијанова.

-Приоритет на ЗД „Скопје“  спрема место на живеење кон секој граѓаните ЗД „Скопје“ покажа дека силно засилување на ресурсите во опрема и кадар преставува голем бенефит за корисниците на здравствени услуги, претставува институцијата филтер во однос на терцијалното здравство бидејќи високи 94 отсто од пациентите комплетно се дијагностицирани и третирани од докторите на ЗД Скопје, вели доктор Баевска Вучковиќ.

Според најавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, само Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје ќе добие вкупно 936 нови апарати вредни речиси 11,5 милиони евра, за општите болници во главниот град предвидени се 93 апарати во вредност од 930 илјади евра.

Нова медицинска апаратура во вредност од 705 илјади евра, според планот што го презентираше Груевски, треба да добие и општата болница Охрид. Станува збор за 50 медицински апарати во сите области на здравството, кои ќе значат унапредување на медицинските услуги на градот Охрид.

„Овие апарати ќе ни послужат да се модернизираме да ги отстраниме старите апарати  и со нови апарати да надополниме и уште што е поважно некои од апаратите веќе ни се вклопуваат во таа развојна политика да и понатаму воведуваме нови медицински методологии со цел нашите граѓани што помалку одат во други градови  за обезбедување на здравствена заштита, истакна Љубен Арнаудов директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Здравствените установи во Битола, како што најави Груевски, ќе добијат 149 апарати во вредност од 1,2 милиони евра, Клиничката и специјалната болница и здравствениот дом во Тетово ќе се опремат со нови 290 апарати вредни два милиони евра. Околу 250 нови апарати се планираат за здравството во Штип. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ најави дека со оваа набавка  некои градови и здравствени центри за првпат ќе добијат современа медицинска апаратура како Кавадарци и Кочани за каде што се планира набавка на компјутерска томографија.

-Со набавката на ваквата опрема Македонија ќе отиде значаен чекор понапред во областа на здравството. За секој апарат имаме прецизни рокови и средства со кои што ќе биде набавен. И сето ова ќе биде дел од нашата нова програма. 33 милиони евра само за околу 3700 нови медицински апарати и опрема, рече Груевски.

Набавката на опремата според предвиденото во програмата на ВМРО ДПМНЕ ,  би се спровела во рок од четири години и ќе бидат опфатени сите здравствени установи во секој град низ државата.

 
 
01.11.2016 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега