СИТЕЛ: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе добие опрема вредна 11,5 милиони

Една третина од најавениот проект за набавка на нова медициснка опрема ќе биде за Клиничкиот Центар  “Мајка Тереза” во Скопје. Планирано е за сите Клиники да се набават вкупно 936 нови апарати во вредност од 11.500 милиони евра, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

-Со ова речиси половина од опремата во комплексот клиники Мајка Тереза ќе биде понова од 2010 година, што ќе значи поквалитетно здравтво и подобар третман на пациентите, изјави Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство.

Само за Инфективна  во нова опрема ќе бидат инвестирани 1 милион евра. Клиниката ќе добие дигитален мобилен рендген апарат кој сега е неопходен за пациентите.

- Со ова ќе се реши децениски проблем затоа што досега сите пациенти особено пациентите на интензивната нега кога имаа потреба од вакво снимање, а многу често има потреба од вакво снимање беа транспортирани од Инфективната клиника до Радиологија и назад. На тој начин се загрозува и пациентот, но и околината имајќи предвид дека станува збор за заразни болести,изјави Никола Тодоров, вицепремиер и министер за здравство.

Покрај подвижен рендген Клиниката за инфективни болести ќе се поднови и со апарати за дишење, биохемиски анализатор, икнфузиони пумпи, и нова опрема за одделот за интензивна нега.

 
 
01.11.2016 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега