Отказ за негувателката која истури врело кафе врз дете во градинка во Аеродром

Негувателката која вчера истури врело кафе врз лицето на дете додека спиело ќе добие отказ од работа. Инцидентот се случи во градинката „Чекорче“ во населба Аеродром. 
 
„Негователката ќе добие отказ од работа и тоа ќе биде завршено до крајот на работниот ден. Постапката е во тек, запазени се сите законски процедури и нема ништо да криеме. Се работи за здравјето на нашите деца и нема да толерираме вакви неодговорни работи“, изјави директорот на градинката Јоаким Димулков.
 
Настанот се случил вчера во занималната на постара предучилишна група. Додека едно од девојчињата лежела во своето креветче, негователката влегла со филџан штотуку сварено кафе иако не било време за пауза. Во еден момент филџанот со врело кафе се истурил врз левата страна од лицето и окото на девојчето. Девојчето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на окото и левата јаболчница, по што било однесено на Клиниката детска хурургија од страна на родителите.

По пријава на родителите, случајот беше обелоденет во Билтенот на МВР. Полицијата работи на расчистување на случајот.

 
 
02.11.2016 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега