Полиција на секој чекор - полициски хеликоптери летаат над Скопје

Во големата сала на Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Дива населба“.

Последното рочиште на 17 октомври беше одложено поради службено патување на овластениот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Судската постапка се води против 29 лица, дел од т.н. „Кумановска група“ кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај во Дива населба во Куманово. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица помагачи на вооружената група од Дива населба.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

 
 
03.11.2016 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега