Претседателот Иванов на светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска – 3 ноември 2016 година, четврток, во 16:30 часот во хотел „Епинал“ во Битола, ќе се обрати на отворањето на Четвртата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Четвртата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог на тема „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“ ќе се одржи од 3 до 5 ноември во Битола во рамките на Глобалната агенда на Обединетите нации и УНЕСКО за дијалог меѓу цивилизациите и Декадата на УНЕСКО за помирување на културите.

 
 
03.11.2016 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега