Обвинетите во "Керозин" седнаа на обвинителната клупа

Денеска обвинетите во Керозин седнаа на обвинителната клупа.

Немало злосторничко здружување,  туку  чесен семеен  бизнис  од кој фамилијата  Пецови живее дваесетина години,  тврдеше денеска  пред судот  Ангел Пецов,  познат како Ѓаволот.  Заедно со уште 15 обвинети  од полициската акција Керозин, пренесува Сител.

За разлика од одбраната, обвинителство тврди дека Ангел и неговиот син давале наредби и упатства на возачите, како да наточат и да транспортираат помалку нафта. Сопругата Мариче, како еден од организаторите била задолжена за изработката на лажните фактури, пишува во обвинението, пренесе Сител.

Инаку, шеснаесетмината кои беа уапсени во ноември минатата година, се товарат за криминал со нафта. Според обвинението, преку неготинската фирма, во последните 4 години се испорачувала нафта за греење во повеќе јавни институции, каде тендерите ги добивала само оваа фирма. И државни службеници кои ја злоупотребиле службената положба се најдоа меѓу обвинетите.

Од фирмата испорачувале помалку нафта во училишта, градинки и здравствени установи, па од фирмата ги заменувале цистерните или поставувале мерачи кои покажувале дека во нив има повеќе нафта.

На овој начин, со нафта се снабдувале царината, Владата, УЈП и неколку министерства. Затоа, меѓу 16мината обвинети се најдоа и котлари и магационери од овие институции. Само во текот на минатата година, јавните установи склучиле договори за испорака на нафта, “тешки’ милион и пол евра.

ФОТО: Денешен

најчитано сега