Од среда температурите ќе паднат под нулата - еве што не очекува

И утре ќе се задржи студено, но облачноста постепено ќе се намали. Утре ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од -2 до 10 степени Целзиусови.

Од среда ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневната температура. Утрата и во наредните денови ќе бидат студени, особено во среда кога насекаде ќе бидат под нулата. 

Во среда ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со студено утро. Утринската температура ќе се спушти до -8 степени, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Четврток не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до -5 степени, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во петок времето ќе биде сончево. Утринската температура ќе се спушти до -3 степени, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

 
 
14.11.2016 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега