ВМРО-ДПМНЕ: Тито Петковски бара референдум за 5 дрвја а не сака референдум за името

Соопштението на партијата на Тито Петковски е врв на лицемерието.

Кога стануваше збор за политичко прашање од исклучително високо национално и државно значење, за прашањето за името, Тито Петковски не само што беше против референдум, туку и плукаше и ги навредуваше сите што се за опцијата граѓаните да го дадат своето мислење на референдум

Денес, кога станува збор за прашање дали требало да се гради една зграда или не на местото на пет дрва, Тито Петковски повикува на референдум.

Ова е лицемерието на Тито Петковски.

Ова е неговиот непринципиелен однос и неговата превртливост.

Тито Петковски треба да и објасни на јавноста како пет дрва во Општина Центар пред станот на неговиот соработник Горан Мисовски се поважни од името на државата, за во едниот случај да повикува на референдум , а во другиот случај да се противи.

Во исто време НСДП избегнува да прокоментира неколку значајни факти:

Прво, фирмата која добивала значајна сума на име на кирии за државната  институција која треба да го гради објектот кај хотелот Бристол е бизнис партнер со поранешен пратеник на СДСМ.

Второ, вработени партиски војници во општина Центар се појавуваат на протести и лажно се преставуваат како членови на невладина организација.

Трето, општина Центар веќе наплатила речиси 10 милиони денари комуналии за изградба на објектот кај Хотелот Бристол, а Андреј Жерновски на драга волја ги примил тие пари.

Четврто,  само во градот Скопје во изминативе 5 години се засадени над 50 илјади дрва.

Ова се фактите за кои ниту НСДП, ниту СДСМ несакаат да одговорат.

(Интегрален текст од писмена реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на НСДП)

најчитано сега