СДСМ: Владата треба да изврши интервентен откуп на 10 илјади тони пченица

Апелираме Владата да ја спаси годинешната реколта со интервентен откуп на пченицата исклучиво од индивидуалните земјоделци по 15 денари за килограм.

Владата нема друг избор освен да изврши интервентен откуп на 10-те илјади тони пченица.

За проблемот со откупот на пченицата алармиравме уште кога земјоделците се пожалија дека мелничарите немаат интерес да ја откупуваат пченицата по препорачаната цена од министерството за земјоделство.

Укажавме дека пченицата се продава на црно на трговци од Албанија или домашни мелничари им ја купуваат по 9-11 денари за килограм.

Владата не смее да стои настрана и да се правда со пазарните услови, во ситуација кога земјоделците имаат енормно скапи репроматеријали што им ја покачуваат производната цена, со што тие се неконкурентни на увезената пченица.

Сведувањето на проблемот само на мелничарите, кои се исто така неконкурентни поради увозот на евтино брашно е обид на Владата да ја избегне сопствената одговорност.

 

Бараме Владата сериозно да го сфати проблемот со откупот на пченицата и брзо да реагира. 

(Интегрален текст од соопштение на СДСМ)

најчитано сега