ФОТО: Започна изградбата на Музичкиот парк во Прилеп

Во населбата Врбеско маало во Прилеп започна изградбата на музичкиот парк, инвестиција која ќе чини 1,2 милиони денари, а парите се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа. Овој парк се гради по барање на жителите од оваа населба. Целиот овој простор планирано е да биде уреден во знакот на музиката.

-Тука се ќе биде во стилот на музиката, од партерното уредување па се до урбаната опрема и елементите кои ќе асоцираат на музика. Исто така ќе има и еден мал подиум за одржување на концерти во текот на пролетниот и летниот период. Ова е еден многуте паркови кои се уредуваат на територија на општина Прилеп, а со оваа инвестиција ова место ќе стане поубаво и поатрактивно за сите, па може да се каже дека ќе биде и своевидна туристичка атракција, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Паркот ќе се простира на површина од 980 м2, од кои 400 м2 ќе бидат под бекатон плочки, а останатиот дел ќе биде зелена површина.

muzicki-park2

-Еден од најстарите паркови во Прилеп го преуредуваме, му даваме нов живот, и се ќе биде тука во стилот на музиката. Сите елементи од урбаната опрема, патеките, подиумот и малата сцена ќе асоцираат на музиката и се ќе биде знакот на музиката. Патеката ќе биде во форма на клавијатури, оградата ќе биде изведена во стилот на музиката, со нотни лини, со музички клучеви, ноти и слично. А дел од нашите скулптори, скулптурите кои ќе ги изработуваат на тема музика ќе ги изложуваат во овој парк“, истакна Бранко Нешкоски, раководител на ЈП за ПУП Прилеп.

muzicki-park

Од локалната самоуправа најавија дека идната пролет ќе се започне и со реконструкција на паркот кој се наоѓа веднаш спроти Музичкиот парк, од другата страна на улицата „Александар Македонски“. Тој ќе бил уреден како детски забавен парк.

 
 
18.11.2016 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега