Пожар беснееше во Свети Николе - изгореа печатница, бутик, пицерија, тобако

Пожар беснееше синоќа во 05 часот во Свети Николе, на улицата „Плоштад Илинден“. Како што информира полциијата, од засега непознати причини настанал пожар во печатница „Цвај Дизајн“ лоцирана во Домот на културата „Крсте Мисирков“, при што истата целосно изгорела, а опожарен е инвентарот во холот на Домот, билетарата, помошните простории, а биле зафатени и простории на трговски друштва -пицерија „Леа“, кафе бар „Плаза“, бутик „Ива“, тобако „Куба“ и канцеларија на извиднички одред „Гоце Делчев“.

Пожарот е локализиран од екипа на противпожарната единица на Свети Николе.

Причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена.

 
 
19.11.2016 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега