ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да коментира за состојбите во земјоделството

СДСМ нема никаков кредибилитет да коментира за состојби во земјоделството или пак за интересите на земјоделците. СДСМ имаше шанса да придонесе за земјоделците кога беше на власт, но ништо не направи за нив, а сите ние се сеќаваме дека СДСМ не даваше субвенции, имаше неправедна распределба на земјиште на свои блиски лица, немаше никаква помош за набавка на земјоделска опрема и механизација, а земјоделците беа изложени на потсмев и омаловажување, впрочем како што и денес Ленче Николовска ги навредува земјоделците и нивните предводници.

Сите мерки и активности кои што ние ги преземаме во земјоделството се во интерес на земјоделците и сите целни групи кои партиципираат во овој сектор. Сите мерки и активности кои се преземаат на полето на пазарот на пченица се во интерес и на производителите и на откупувачите на пченица, ние се стремиме кон обезбедување на функционирање на пазарот и заштита на интересите на учесниците во него, и имаме план за доведување на процесот до крај.

СДСМ со секој свој настап се обидува да ги поремети пазарните процеси, да дестимулира исполнување на договорните обврски, да придонесе со манипулации и дезинформации поткопување на функционирањето, и сето тоа го прави со цел за ситна политичка промоција, а не да придонесе за земјоделците.

Ги повикуваме на одговорен однос и конструктивен пристап, на системско размислување, а не на парцијални емитирања на недоволно издржани пораки кои носат раздор, тие треба да се свесни дека со ваквите настапи прават само штета.

Ние ќе продолжиме со нашите мерки за помош и на примарните производители, и на преработувачите и на трговците во сферата на земјоделството, со највисоките историски субвенции во земјоделството, со распределба на земјиште, со легализација на фармите, тракторите и опремата, со мерките за финансиска помош за набавка на опрема, со можностите за праведен откуп на земјиштето и секогаш ќе влечеме потези кои се во интерес на сите субјекти во земјоделството и на Република Македонија. 

(Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ) на изјавата на пратеничката Ленче Николовска)

најчитано сега