Галетановски нуди награда од 2.000 до 3.000 евра за информации за опожареното „бмв“

 

Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје и актуелен претседател на Градската организација на СДСМ, Ѓорги Галетановски, се огласи по вчерашниот инцидент во кој целосно беше опожарено неговот „бмв“. 


„За жал, некогаш треба да ни се деси лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што стварно не беше можно на сите да вратам и кренам. Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам, така и ќе продолжам“, напиша Галетановски на својот фејсбук профил.

„Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го зимаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае тоа сум сигурен“, додаде Галетановски.

Притоа, тој повика сите граѓани кои имаат веродостојни информации за извршителот или нарачателот на случката да го контактираат, најавувајќи симболична награда од 2.000 до 3.000 евра.

10.09.2025 - 12:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега