Го плукнале па му се фрлиле со клоци и тупаници - насилници ограбиле велешанец

Вчера во Велес во Градскиот парк  на трибините од ракометното игралиште, неколку насилници го нападнале 51-годишниот  Ј.К.

Имено, еден од насилниците го исплукал Ј.К., а потоа неколку  лица му се нафлиле и почнале да го удираат со  тупаници и клоци по главата и телото. Тие го турнале на земја, па откако продолжиле да го тепаат, му одзеле мобилен телефон  и 2.200 денари. Тогаш на помош му пришол неговиот 47-годишен брат А.К. но насилниците и него го нападнале.

Полицијата работи на случајот.

11:59

најчитано сега