„Дрекселмаер“ во Кавадарци вработи 5.800 лица

Кавадарци е град кој има најмал процент на невработеност во Македонија од околу 10%, речиси ист со просекот во ЕУ. Во Кавадарци ја донесовме најдобрата светска гринфилд инвестиција за 2013 година, прогласена од угледниот Financial Times. Тоа е германската Дрекслмаер, во која денес работат безмалку 5800 вработени. Би сакала да ги поканам сите медиуми да дојдат во Кавадарци и да ја снимат долгата колона од 30-тина големи автобуси полни со млади луѓе кои секоја смена одат на работа. Тоа е глетка кога ги грее душите, тоа е решението за Македонија, вели во интервју за КУРИР кандидатката за пратеничка од Кавадарци од коалицијата „За подобра Македонија“, Весна Пемова.

-Покрај тоа, го решивме и вториот најгорлив проблем на кавадарчани – водоснабдувањето. Рестрикциите на водата за пиење станаа минато. Сега Кавадарци има два големи водоводи. Како и кај стариот, и на новиот изградивме 5 мини хидроцентрали, а со него ќе се наводнуваат и додатни 500ха земјоделско земјиште. Покрај овие, во мојот мандат се остварија и повеќе други проекти во Кавадарци. Ќе напомнам само неколку: изградба и реконструкција на патот до селата Ресава и Бегниште, патот Кавадарци – Мушов гроб, ги реконструиравме сите училишта, изградивме 2 нови спортски сали и т.н, вели Пемова.

Порталот „Телеграф“ неодамна објави едно истражување според кое, Кавадарци е еден од градовите во кои се живее најубаво. Ова особено е случај откако таму се отворија неколку странски инвестиции, од кои најзначајна е „Дрекcлермаер“. Градот кој порано беше познат единствено по грозјето и виното полека станува индустриски центар кој освен за своите жители, обезбедува работа и за околните градови, како што се Неготино, Прилеп, Градско и Велес.

 
 
07.12.2016 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега