ВМРО-ДПМНЕ: Македонија докажа дека е демократска држава

Од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјавија дека Македонија денеска покажа дека е демократска држава која сака да стави крај на кризата во земјата.

- Најважно е што изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосвера без инциденти. Граѓаните слободно и без притисоци ја заокружија опцијата која сметаат дека е најдобра за нив, изјави Иво Котевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е рано да го коментираат исходот и дека граѓаните биле запознаени со програмата и можеле слободно да одлучат за она што го сметаат за подобра опција.

 
 
11.12.2016 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега