ДИК СО ОФИЦИЈАЛНИ ПОДАТОЦИ: ВМРО-ДПМНЕ победи со 51 пратеници

ВМРО-ДПМНЕ и официјално победи на Превремените парламентарни избори. Државната изборна комисија ги преброи 100% од гласовите, според кои ВМРО-ДПМНЕ победува со 14.602 гласови разлика. 

ВМРО-ДПМНЕ освојува 51 пратеник, наспротив СДСМ кои освојуваат 49. Покрај нив, во собранието влегува и ДУИ со 10, ДПА со 2, БЕСА со 5 и Алијансата на Зијадин Села со 3.

- Денес победи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија", но денес победи и Република Македонија. Ова е 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и 10-ти пат по ред мнозинството граѓани во Република Македонија гласаа и со најголем број гласови го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и нашата програма, визија, тим и начин на кој работиме и сакаме да продолжиме да работиме, истакна Груевски во вчерашното обраќање.

 

 
 
12.12.2016 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега