Трагедија го разбуди Прилеп - воз прегази човек

Утрово се случила трагична несреќа во Прилеп. Возот кој сообраќал од Битола до Скопје, во 4 часот утринава прегазил засега непознато лице.
 
Според информациите од МВР, несреќата се случила на еден километар откако возот ја напуштил железничката станица во Прилеп. 
 
Телото е предадено на обдукција. Полицијата извршила увид и се работи на расчистување на несреќата за да се утврди дали е несреќен случај или станува збор за самоубиство.

најчитано сега