Утрово -12 степени: И покрај сонцето Македонија мрзне

Најстудено со -12 степени изутринава е во Лазарополе. Во Берово се измерени -11, во Маврово -9, во Крушево -8, Крива Паланка -7 Скопје, Дебар, Демир Капија, Виница, Тетово, Штип и Струмица -4, во Охрид, Битола, Претор, Куманово и Прилеп -3, и нула степени во Гевгелија и Дојран, соопшти УХМР.

Провејува слаб снег на планините и повисоките места во западните и северните делови.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје сончево и студено со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 5 степени.

Утре и во понеделник изутрина времето ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала облачност и со благ пораст на дневната температура. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, и до крајот на работната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и снег.

 
 
17.12.2016 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега