Што ќе се случува со времето утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и ведро. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус четири, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус 10, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

 
 
20.12.2016 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега