Малолетник од Кавадарци доживеа хорор на улица
Шеснаесетгодишник од Гевгелија и двајца малолетници од Кавадарци заработија кривичнабидејќи во месец септември околу 23.00 часот, на улицата „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци го пресретнале А.И. и му го попречиле патот, па му побарале пари.
Откако истиот им кажал дека нема пари, почнале да го удираат во пределот на главата по што паднал на земјата. Пријавените продолжиле со нападот и со употреба на сила му одзеле паричник во кој имало 800-900 денари и мобилен телефон, по што побегнале од местото на настанот.
30.12.2016 - 12:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа