Драма кај железничката станица Лисиче

Среде бел ден во 15 часот и 10 минути на дел од пругата помеѓу железничка станица Драчево и железничка станица Лисиче, од страна на неколку малолетници извршено е каменување на патничкиот воз кој сообраќал на релација Велес-Скопје.

Од каменувањето искршени се две неподвижни прозорски стакла, сопственост на Македонски железници, додека повредени патници за среќа нема.

По извршеното каменување, возот го продолжил патувањето до железничка станица Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.

 
 
05.01.2017 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега