Вчера беснееле четири пожари во Кавадарци

Вчера противпожарната служба на Кавадарци интервенирала во четири одделни случаи. Дежурните екипи гаснеле пожар близу спомен коструницата во Кавадарци, реагирале поради запалено електрично сандаче во селото Марена и запален контејнер во центарот на градот.

Најголем бил пожарот што избувна синоќа кај Брушанското маало.

- Со седум пожарникари и три противпожарни возила учествуваме во гаснење на пожарот кој ја зафати околната трева и ниски стебла. Поради непристапноста на теренот пожарот го гасневме со вода влечејќи ги цревата од противпожарните возила, но и со противпожарни метли, рече командирот на единицата Илчо Биогевски.

10:48