Страшна сообраќајка на автопатот Белград-Скопје: Повредени 17 лица, меѓу нив деца
Во верижна сообраќајна несреќа која утрово се случи на автопатот Белград- Скопје, кај клучката Дољевац, повредени се 17 лица и во тек е нивното згрижување.
До несреќата дошло кога едно возило се излизгало, по што останатите возила кои биле во колоната, удирале едно во друго.
Од Брзата помош во Ниш потврдено е дека има повредени и дека нивните екипи се на терен и не можат да дадат точни информации за бројот на повредени. Меѓу 17-те повредени има и 6 деца.
На автопатот моментално има застој, десетици возила се заробени.
Повеќе информации се најавуваат за подоцна.
06.01.2017 - 10:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа