Десет насилници претепале тинејџер во Градскиот парк во Скопје

Утрово половина час после полноќ во близина на Маракана во Градскиот парк во Скопје, неколку засега непознати сторители нападнале тинејџер од Скопје.

Се работи за група од десет маскирани насилници кои со разни предмети започнале да го удираат 15-годишниот Б.С. во пределот на главата и телото, а потоа му одзеле и чанта во која имало мобилен телефон и паричник.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

 

12:08

најчитано сега