Маж изрешетан во скопско Батинци

Околу 18 часот и 10 минути во селото Батинци-скопско на улицата „7“ додека 44-годишниот М.Н. се движел со51-годишниот М.Ш. со возило кон нив било пукано од огнено оружје.

Полицијата информира дека напаѓачот бил 29-годишниот Ш.А. од селото. На М.Н. му биле нанесени повреди во вид на прострелни рани во пределот на раката, ногата и стомакот, и тој по првично укажаната лекарска помош во Поликлиниката Драчево, со брза помош бил пренесен во Ургентниот центар.

Причина за настанот била расправија која ја имале со семејството на Ш.А. истиот ден.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
17.01.2017 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега