Мртов маж пронајден во Скопје

Во 20 часот и 30 минути во Скопје на улицата „Петар Поп Арсов“ бил пронајден починат 55-годишниот Д.И. од селото Долно Количани.

Полицијата информира дека смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Со наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, која ќе ги даде сите одговори. 

 
 
19.01.2017 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега